(ВИДЕО) МОЛК ЗА ХАОСОТ НА ФАКУЛТЕТИТЕ – Што се случува на „Јустинијан Први“, прашање без одговор од министерството
Книга „Институционална облачност“ како документ за аномалиите во системот.

Во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој изнесе критички ставови за новиот Закон за високо образование. Тој оцени дека законот во голем дел не носи добри решенија, посочувајќи дека „околу 60 отсто не оди во добра насока, а 40 отсто може да се сметаат за позитивни“.
Илиевски, повикувајќи се на своето долгогодишно искуство како државен секретар за високо образование, просветен инспектор и колумнист, заклучи дека високото образование во земјава се движи надолу и „тапка во место“, како резултат на, според него, доминантното влијание на политиката врз образовниот систем.
Тој зборуваше и за големиот број факултети во државата, нагласувајќи дека вината не треба да се бара само кај приватните универзитети, туку дека е потребно подлабоко да се анализираат проблемите, особено начинот на функционирање на Министерството за образование и актуелната министерка.
Илиевски се осврна и на состојбите на Филозофскиот факултет, истакнувајќи дека одговорноста не е кај студентите кои се запишале согласно законот, туку кај деканската управа и деканот на факултетот.
Исто така, Илиевски посочи дека ресорната министерка за образование е запознаена со проблемите на државниот Правен факултет „Јустинијан Први“ (ја имате подолу колумната), но, нема реакција од министерството за образование.
Дополнително, тој нагласи дека детална анализа на аномалиите во образованието има изложено во својата нова книга „Институционална облачност“.
Погледнете го гостувањето интегрално во видеото.
Сашо Георгиевски преку корупција се обидува да стигне до судија во Стразбур
