ПУТИН ГО ПРЕДЛОЖИ ГЕРМАНЕЦОТ ШРЕДЕР ЗА ПОСРЕДНИК – Германија вели „НЕ“
Германија категорично го отфрли предлогот на Путин за вклучување на Герхард Шредер во мировните преговори.

Германија го одби предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот канцелар Герхард Шредер да посредува во преговорите меѓу Русија и Европската Унија за можен мировен договор во Украина.
Според информациите, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста неодамна изјавил дека постои „потенцијал“ за дијалог меѓу ЕУ и Русија околу идната безбедносна архитектура во Европа. На тоа, Путин одговорил дека Шредер би бил неговиот префериран избор како посредник доколку дојде до такви разговори.
Сепак, германската страна реагираше резервирано. Еден владин функционер изјави дека понудата не е веродостојна, нагласувајќи дека Русија не ги променила своите позиции и дека клучен тест би било евентуално продолжување на привременото примирје.
Истиот извор оцени дека Москва користи различни политички сигнали за да внесе поделби во западниот блок. Шредер, кој по заминувањето од функцијата во 2005 година се поврза со руски енергетски компании, долго време е предмет на критики во Германија поради своите блиски односи со Путин.
Од германската влада дополнително беше порачаано дека нема индиции за сериозна подготвеност на Москва за вистински преговори, како и дека секој евентуален дијалог со ЕУ мора да биде координиран со земјите членки и Украина.
