(ВИДЕО) ДРАМАТИЧЕН МОМЕНТ ВО ЛШ Трофејот за малку ќе завршеше кај погрешен човек
Усман Дембеле реагираше во последен момент и ја исправи забуната.

ПСЖ го совлада Арсенал во финалето на Лигата на шампионите и ја одбрани титулата европски шампион, но еден момент при церемонијата на доделување на медалите привлече посебно внимание.
По врачувањето на медалите на фудбалерите на Арсенал, на сцената се појавија играчите на ПСЖ, кои покрај медалите го добија и победничкиот трофеј од Лигата на шампионите. Наградите им ги додели претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Сепак, при доделувањето на трофејот се случи мала забуна која можеше да прерасне во непријатна ситуација. Чеферин му го подаде трофејот на Усман Дембеле, мислејќи дека тој е капитен на тимот. Во тој момент, францускиот фудбалер реагираше и му укажа дека капитен е Маркињос.
Благодарение на брзата реакција на Дембеле, грешката беше избегната. Чеферин веднаш се извини и му го врачи медалот на Маркињос, а токму нему потоа му беше предаден и трофејот за освојување на Лигата на шампионите.
Настанот брзо стана тема на социјалните мрежи поради кратката, но впечатлива забуна при церемонијата.
Aleksander Ceferin allait oublier Marquinhos 🇧🇷. 🤣🤣
🎥 @footballontnt pic.twitter.com/P5etP5q512
— Actu Foot (@ActuFoot_) May 30, 2026
