УЕФА ПРЕСЕЧЕ Белград ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029 година

Србија ја доби трката со неколку сериозни кандидатури, а големото финале ќе се игра на новиот Национален стадион во Белград.

УЕФА ПРЕСЕЧЕ Белград ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029 година
Фото: Принтскрин

Белград ќе биде домаќин на финалето во Лигата на Европа во 2029 година, откако Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука најголемиот натпревар во второто по ранг европско клупско натпреварување да се одигра во српската престолнина.

Финалето ќе се игра на Националниот стадион во Белград, кој во моментов сè уште е во изградба.

Одлуката ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Србија, од каде што велат дека добивањето на домаќинството претставува голема чест, но и огромна одговорност за Србија.

Белград бил избран меѓу неколку сериозни кандидатури, а од Фудбалскиот сојуз оценуваат дека одлуката на УЕФА претставува признание за српскиот фудбал и за инфраструктурните капацитети на земјата.

За просторите на поранешна Југославија ова ќе биде уште еден значаен европски фудбалски настан. Последен пат регионов беше домаќин на натпревар од ваков ранг во 2017 година, кога Скопје и Македонија го организираа Суперкупот на УЕФА.

На Националната арена „Филип Втори“ тогаш се соочија Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а трофејот го освои шпанскиот гигант со победата од 2:1.

CATEGORIES
Share This