ТРИ ЧАСА КОИ ГО МЕНУВААТ ДЕТСТВОТО – Еве што се случува во Јавна соба
Децата стануваат активни учесници во приказната преку интерактивни активности.

Во сабота, на 9 мај во 12 часот, во Јавна соба во Скопје ќе се одржи детска работилница под наслов „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“, наменета за деца на возраст од 4 до 12 години.
Настанот нуди спој на филмска проекција, креативни и драмски активности, преку кои најмладите ќе учат за емоциите, пријателството, соработката и грижата за светот околу себе. Преку внимателно одбран детски филм, децата ќе имаат можност да не бидат само гледачи, туку и активни учесници во создавање и разбирање на приказната.
Во рамки на тричасовната програма се предвидени повеќе активности, меѓу кои:
– заедничко гледање на детски филм
– ликовна работилница инспирирана од филмот
– разговори за емоции, другарство и вредности
– групни игри за развивање соработка и самодоверба
– драмска импровизација
– вовед во основите на филмската уметност
Работилницата ќе ја води Ана Василевска, која преку интерактивен пристап ќе ги насочува децата низ процес на гледање, размислување и креативно изразување.
Бројот на места е ограничен, а билетите се достапни преку објавениот линк.
