НОВ ОБИД ЗА ДОГОВОР Зеленски седна на маса со американските преговарачи во Ирска

Украинскиот претседател се сретна со Џаред Кушнер и Стив Виткоф во воената воздухопловна база Кејсмент, во близина на Даблин.

НОВ ОБИД ЗА ДОГОВОР Зеленски седна на маса со американските преговарачи во Ирска
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во Ирска одржа средба со американските преговарачи Џаред Кушнер и Стив Виткоф, во рамки на дипломатските контакти меѓу Киев и Вашингтон.

Средбата се одржала во воената воздухопловна база Кејсмент, во близина на Даблин, објави телевизискиот канал FRIDOM, повикувајќи се на информации пренесени од украинската агенција Unian.

Покрај Зеленски, на разговорите присуствувал и Рустем Умеров, шеф на украинската Служба за надворешно разузнавање.

Засега не се објавени детали за содржината на разговорите, ниту за конкретните теми што биле на маса.

Средбата доаѓа во период на интензивни дипломатски контакти меѓу Украина и САД околу можностите за постигнување договор и натамошните чекори за завршување на војната.

CATEGORIES
Share This