ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС – Автобус полн со ученици одземен од полицијата по серија дефекти

Родител пријавил сомнеж за техничка неисправност на автобусот.

ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС – Автобус полн со ученици одземен од полицијата по серија дефекти
Фото: Принтскрин

По претходна пријава до СВР Велес од граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија и за кој било пријавено дека повеќепати имал дефекти во текот на патувањето, на 8 мај 2026 година во 22:50 часот, на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес–Скопје, полициски службеници од СВР Велес запреле автобус „сетра“ со скопски таблички, управуван од А.Ѓ. (43) од Скопје.

Автобусот е привремено одземен и однесен на вонреден технички преглед со цел утврдување на неговата техничка исправност. Патниците биле безбедно префрлени во друг автобус и транспортирани до нивната крајна дестинација.

По целосното документирање на случајот и по завршувањето на техничкиот преглед, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

CATEGORIES
Share This