ТРИ ЧАСА БЕСПЛАТНА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ДНЕВНО Преку програмата „Solar Sharer“ жителите на Австралија ќе добиваат бесплатна енергија

Програмата првично ќе започне во Нов Јужен Велс и Квинсленд и ќе им овозможи на корисниците со паметни броила да ја пренасочат потрошувачката кон средината на денот, кога електричната енергија ќе биде бесплатна.

ТРИ ЧАСА БЕСПЛАТНА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ДНЕВНО Преку програмата „Solar Sharer“ жителите на Австралија ќе добиваат бесплатна енергија

Австралија следната година ќе ја активира програмата „Solar Sharer“, со која домаќинствата – дури и оние без соларни панели – ќе добијат најмалку три часа бесплатна соларна енергија дневно.

Програмата првично ќе започне во Нов Јужен Велс и Квинсленд и ќе им овозможи на корисниците со паметни броила да ја пренасочат потрошувачката кон средината на денот, кога електричната енергија ќе биде бесплатна.

Министерот за енергетика Крис Бовен истакна дека на тој начин ќе се намалат трошоците и за домаќинствата и за енергетскиот систем.

Во Австралија околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели, а целта е до 2030 година 82% од електричната енергија да потекнува од обновливи извори.

CATEGORIES
Share This