ТРГНУВАТЕ НА ПАТ – АМСМ со предупредување за овие делници
Сообраќајот се одвива без проблеми, нема подолги чекања на границите

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија утринава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, но на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде постои опасност од одрони.
Најголема претпазливост се препорачува на патните правци:
- Катланово – Велес,
- Маврово – Дебар – Струга,
- Виница – Берово,
- Кочани – Делчево.
Воедно, потсетуваат дека од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3,5 тони.

