ТРАМП НЕРВОЗЕН ШТО НЕ ДОБИ НОБЕЛОБА НАГРАДА ЗА МИР Ова е срам за Норвешка
Американскиот претседател повторно ја нападна одлуката на Нобеловиот комитет, а добитничката Нави Пилај ја нарече „мистериозна личност“.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир, оценувајќи дека станува збор за срамна и непријатна одлука што, според него, оставила дамка врз Норвешка, каде што е седиштето на Нобеловиот комитет.
Трамп ја даде изјавата во петокот, неколку часа откако Нобеловиот комитет ја објави овогодинешната добитничка на наградата – јужноафриканската адвокатка Нави Пилај, поранешна судијка во Меѓународниот кривичен суд.
Пилај го надгледуваше извештајот на Обединетите нации во кој беше заклучено дека Израел извршил геноцид во Газа, објави Ројтерс.
За време на предизборен митинг во Сиракјуз, во американската сојузна држава Њујорк, Трамп ја нарече Пилај „мистериозна личност“, повторно изразувајќи незадоволство што не ја добил престижната награда.

