ПО НАПАДОТ НА МЕДИЦИНСКАТА ЕКИПА Медицинските сестри бараат засилено обезбедување и поголема заштита во здравствените установи
Министерот за здравство Сашо Клековски го осуди инцидентот и најави засилено обезбедување во најкритичните здравствени установи, но посочи дека не е возможно секоја екипа на Итната медицинска помош да има полициска придружба.

Здружението на медицински сестри бара засилени безбедносни мерки во здравствените установи по физичкиот напад врз медицинска екипа во поликлиниката „Јане Сандански“.
Министерот за здравство Сашо Клековски го осуди инцидентот и најави засилено обезбедување во најкритичните здравствени установи, но посочи дека не е возможно секоја екипа на Итната медицинска помош да има полициска придружба.
Во инцидентот, татко и син физички нападнале лекар и медицинска сестра по расправија околу здравствената состојба на пациентот, кој претходно испил антифриз. Двајцата здравствени работници се здобиле со повреди на главата и телото.
Синот бил приведен, додека таткото бил хоспитализиран на Клиниката за токсикологија.
Медицинските сестри и Лекарската комора бараат конкретни системски мерки и соодветни санкции за сторителите, со цел да се спречи насилството врз здравствените работници.

