СОМНЕЖИ ЗА КИНЕСКИ ХАКЕРИ ЗАД ГОЛЕМИОТ КИБЕРНАПАД ВРЗ ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Украдени лични податоци, дел од системите сè уште недостапни

Потврдено е истекување на имиња и електронски адреси на корисници. Европската комисија предупреди дека украдените податоци би можеле да бидат искористени за фишинг-напади и измами.

СОМНЕЖИ ЗА КИНЕСКИ ХАКЕРИ ЗАД ГОЛЕМИОТ КИБЕРНАПАД ВРЗ ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Украдени лични податоци, дел од системите сè уште недостапни

Европската комисија се соочува со сериозен кибернапад кој трае повеќе од еден месец, а истражителите се сомневаат дека зад него стои хакерска мрежа поврзана со Кина.

Нападот бил откриен на 22 октомври, кога бил забележан неовластен пристап до внатрешните информатички системи на Комисијата. Поради безбедносниот инцидент, платформата EU Academy, наменета за онлајн едукација и професионална обука, беше привремено исклучена.

Потврдено е истекување на имиња и електронски адреси на корисници. Европската комисија предупреди дека украдените податоци би можеле да бидат искористени за фишинг-напади и измами.

Според информациите од истрагата, сомнежите за кинеска поврзаност се темелат на софистицираноста на нападот и употребата на алатката ARTEX, развиена во Кина, која користи вештачка интелигенција за откривање безбедносни пропусти.

Во рамките на истрагата, наводните напаѓачи се поврзуваат со кодното име „Панда“, но Европската комисија засега официјално не посочува кој стои зад нападот.

Дел од внатрешните апликации на Комисијата се исклучени како мерка на претпазливост, а истрагата за целосниот обем на нападот и евентуалната кражба на дополнителни податоци продолжува.

CATEGORIES
Share This