ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА Пет војници загинаа при пад на воен хеликоптер за време на лет за обука во Ескишехир

Според информациите на Министерството, хеликоптер од типот „АС-532“, кој бил дел од Командата на воздухопловните сили, се урнал за време на лет за обука во рамки на воена вежба.

Пет турски војници загинаа во несреќа со воен хеликоптер во областа Ескишехир, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Според информациите на Министерството, хеликоптер од типот „АС-532“, кој бил дел од Командата на воздухопловните сили, се урнал за време на лет за обука во рамки на воена вежба.

Причините за несреќата засега не се познати. Турските власти најавија утврдување на околностите под кои дошло до падот, пренесе агенцијата Анадолија.

CATEGORIES
Share This