НЕМАМЕ ПЛАНОВИ ЗА БЛОКАДА НА КАЛИНИНГРАД Не сакаме конфликт со Русија
Шефот на Воениот комитет на Алијансата ги отфрли извештаите за можна блокада на руската енклава, но предупреди дека НАТО има капацитет брзо и ефикасно да одговори на евентуална агресија.

Фото: Принтскрин
Шефот на Воениот комитет на НАТО, Џузепе Каво Драгоне, изјави дека Алијансата нема планови за блокада на руската енклава Калининград, отфрлајќи ги тврдењата за можна таква операција.
„Сè треба да биде јасно во врска со Калининград: НАТО не подготвува никаква блокада. Извештаите за таква закана се базираат на непостоечко сценарио“, изјави Драгоне во интервју за италијанскиот весник „Република“.
Тој нагласи дека НАТО не бара конфликт со Русија, но истовремено располага со потребните воени капацитети за одвраќање и брза реакција во случај на евентуална агресија.
Според Драгоне, целта на Алијансата е да спречи ескалација и да обезбеди ефикасна одбрана, без намера да предизвика директен судир со Москва.
CATEGORIES Свет

