ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ ТЕТЕКС На 21 година загина фудбалерот Даниел Николовски

Младиот фудбалер трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа во текот на ноќта, оставајќи зад себе голема празнина во семејството и фудбалскиот клуб.

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ ТЕТЕКС На 21 година загина фудбалерот Даниел Николовски
Фото: Принтскрин

Трагедија ја потресе македонската фудбалска јавност. Фудбалерот на Тетекс, Даниел Николовски, го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила во текот на ноќта. Николовски имал само 21 година. Тој бил дел од Тетекс уште од најмладите категории, минувајќи ги сите младински селекции, по што заиграл и за сениорскиот тим.

Младиот фудбалер важел за голем борец и играч посветен на клубот. Минатата сезона настапуваше и за хрватскиот клуб Витез. Неговата прерана смрт претставува голема загуба за неговото семејство, пријателите, соиграчите и целото фудбалско семејство на Тетекс.

Полицијата со детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар-Стража. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 11 септември во 22:55 часот, на околу 500 метри од угостителски објект. Во судирот учествувале две патнички возила „голф“.

Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од А.И. (34) од село Чегране, а со него бил и сопатникот Х.К. (28) од Гостивар. Во вториот „голф“, со тетовски регистарски ознаки, се наоѓале Д.Н. (21) од Тетово, кој го управувал возилото, и неговиот сопатник Ф.Ј. (21), исто така од Тетово.

На местото на несреќата, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај 21-годишниот Д.Н. Останатите три лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар. Работата на надлежните органи продолжува на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

CATEGORIES
Share This