АКЦИЈА НА МВР ВО СКОПЈЕ Претреси на 32 локации поради сомненија за фалсификувани возачки дозволи
Се проверуваат лица, домови и службени простории во МВР, поради сомневања за незаконско издавање дозволи за C и D категорија.

Министерството за внатрешни работи денеска спроведува акција во Скопје со претреси на повеќе локации поради сомневања за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.
Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека, врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка, денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје.
Претресите опфаќаат лица, домови, како и службени простории во Министерството за внатрешни работи.
Од Обвинителството додаваат дека се преземаат и други дејствија за обезбедување докази поради сомневања за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик.
Акцијата сè уште е во тек, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полициските дејствија.
ВО МВР СЕ ДОДАВАЛЕ КАТЕГОРИИ ЗА 1.400 ЕВРА Возачка за камион или автобус без положен испит

