ТЕХЕРАН СЕ ЗАКАНУВА Хормутскиот теснец е наш, Американците да си одат веднаш или…

Иранскиот шеф на дипломатијата тврди дека Ормутскиот теснец не е дел од меѓународни води.

ТЕХЕРАН СЕ ЗАКАНУВА Хормутскиот теснец е наш, Американците да си одат веднаш или…
Фото: Принтскрин

Ормутскиот теснец не е дел од меѓународните води, а надлежноста врз него ја делат Иран и Оман и тој се наоѓа на илјадници милји од брегот на Соединетите Американски Држави, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, реагирајќи на падот на американскиот хеликоптер „Апачи“. Тој додаде дека присуството на странски воени сили во близина на иранските територии претставува постојан ризик.

„Тие се постојан ризик поради можноста за човечки грешки, несреќи или ситуации на вкрстен оган. Најдоброто решение за намалување на ризикот е странските сили што поскоро да ја напуштат областа која не прифаќа непријателско присуство“, напиша Аракчи на социјалната мрежа X.

Тој алудира на американскиот хеликоптер „Апачи“, за кој американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека бил соборен од иранските сили.

Аракчи нагласи дека Иран го преферира „јазикот на дипломатијата“, но дека неговата армија е способна да „комуницира и на други начини“.

CATEGORIES
TAGS
Share This