ТЕХЕРАН НЕ ТРЕПЕРИ ПРЕД НОВИОТ СОЈУЗ Иран откри кој го смета за вистинска закана

Иранскиот портпарол вели дека новиот безбедносен аранжман не е насочен против Иран, но остро го посочи Израел.

ТЕХЕРАН НЕ ТРЕПЕРИ ПРЕД НОВИОТ СОЈУЗ Иран откри кој го смета за вистинска закана
Фото: Принтскрин

Иран не смета дека новиот безбедносен пакт меѓу Пакистан, Турција и Саудиска Арабија е насочен против Техеран, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, пренесува „Ројтерс“.

Според Багеи, договорот претставува знак дека земјите од регионот сè повеќе се потпираат на сопствените капацитети за обезбедување на регионалната безбедност, наместо на надворешни сили.

Тој оцени дека иницијативите засновани на „геополитичките и историските реалности“ на регионот можат да придонесат за поголема стабилност, доколку се сеопфатни и инклузивни и правилно ги препознаваат изворите на закана.

Багеи притоа директно го спомена Израел, посочувајќи дека ваквите регионални механизми би можеле да помогнат во спречувањето на нестабилноста и, како што рече, „злоупотребите од страна на ционистичкиот непријател и неговите сојузници“.

Иран, со тоа, испраќа порака дека засега не го гледа новиот безбедносен аранжман како директна закана за својата безбедност.

НОВ ВОЕН СОЈУЗ КАКО НАТО ЧЛЕН 5 Турција, Пакистан и Саудиска Арабија склучија договор за меѓусебна одбрана

CATEGORIES
Share This