МАСК ПОВТОРНО ЈА ШОКИРА ЈАВНОСТА Хитлер бил „левичарски социјалист“, тврди милијардерот

Нова жестока дебата на X откако Маск застана зад тврдењето дека нацистичкиот лидер бил левичар – изјавата повторно ги отвори контроверзиите околу неговите ставови за германската крајна десница.

МАСК ПОВТОРНО ЈА ШОКИРА ЈАВНОСТА Хитлер бил „левичарски социјалист“, тврди милијардерот
Фото: Принтскрин

Илон Маск повторно предизвика жестоки реакции на социјалната мрежа X, откако во објава го опиша Адолф Хитлер како „левичарски социјалист“.

Маск реагираше на објава на корисничката Алис Смит, која го претстави Хитлер како левичар, повикувајќи се на карактеристики како колективизам, етатизам, планирана економија, цензура, социјален инженеринг и контрола на оружјето.

Изјавата на Маск доаѓа во период кога неговите ставови за германската крајна десница и нацистичкото минато повторно се во фокусот.

На почетокот на 2025 година, Маск отворено ја поддржа германската партија Алтернатива за Германија (AfD), повикувајќи ги граѓаните да гласаат за неа и оценувајќи дека таа е „единствената надеж“ за земјата.

На предизборен собир на AfD во јануари 2025 година, тој исто така порача дека Германија премногу се занимава со вината за минатото и дека треба да „продолжи понатаму“, што предизвика остри реакции.

Дополнителна контроверзија следеше по неговиот говор на собирот по повод инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон. Гестот со испружена рака кон публиката беше спореден со нацистички поздрав, иако Лигата против клевета тогаш оцени дека поверојатно станува збор за несмасен гест во момент на ентузијазам.

Со најновата изјава за Хитлер, Маск повторно го отвори спорот околу неговото толкување на политичката историја и идеологијата на нацизмот.

CATEGORIES
TAGS
Share This