СУДОТ ПРЕСЕЧЕ 30 дена притвор за четворица во аферата со јавни набавки
По распитот во присуство на бранители, судот оцени дека постојат основи за определување притвор за сите четири лица.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им одреди 30-дневен притвор на четири лица осомничени во предмет што го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
По предлог на Обвинителството и по нивното сослушување во присуство на бранители, судот го прифати барањето за притвор за С.Б., Д.Г., А.С. и С.М., против кои се води истрага за основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „давање награда за противзаконито влијание“.
Со донесените решенија, на сите четворица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ЦАРИНА Откриена мрежа за влијание и местење на тендери
