НОРВЕШКА „КРЕВА РАЧНА“ ЗА НОВИТЕ ДАТА ЦЕНТРИ Владата воведува строги дозволи за ограничување на енергетската потрошувачка на вештачката интелигенција

Иако Норвешка произведува повеќе струја отколку што троши, растот на центрите за податоци и инфраструктурата за вештачка интелигенција може да ги надмине расположливите енергетски капацитети и да предизвика поскапување на електричната енергија.

НОРВЕШКА „КРЕВА РАЧНА“ ЗА НОВИТЕ ДАТА ЦЕНТРИ Владата воведува строги дозволи за ограничување на енергетската потрошувачка на вештачката интелигенција

Норвешкиот оператор на електричната мрежа „Статнет“ привремено ги суспендираше резервациите за приклучување на нови центри за податоци, во очекување на нов владин систем за лиценцирање со кој ќе се контролира нивната експанзија и зголемената потрошувачка на електрична енергија.

Иако Норвешка произведува повеќе струја отколку што троши, растот на центрите за податоци и инфраструктурата за вештачка интелигенција може да ги надмине расположливите енергетски капацитети и да предизвика поскапување на електричната енергија.

Од почетокот на годината „Статнет“ добил барања за нови капацитети од вкупно 26.000 мегавати, при што дури 75 проценти се однесуваат на центри за податоци. Приоритет за добивање дозволи ќе имаат проектите што служат за потребите на одбраната, полицијата, здравството, итните служби и критичната инфраструктура, додека комерцијалните и криптовалутните центри ќе имаат ограничен пристап до земјиште и електрична енергија.

Владата најави и дека новите центри ќе мора да ги покриваат трошоците што ги предизвикуваат за електричната мрежа, а можно е од нив да се бара изградба на сопствени електрани.

CATEGORIES
Share This