СТОЧАРИТЕ ЗОВРИЈАА 10 месеци без пари за млекото, Пелагонија излегува на протест

Субвенциите доцнат, откупната цена на млекото падна за 10 денари – фармерите велат дека повеќе немаат простор за чекање

СТОЧАРИТЕ ЗОВРИЈАА 10 месеци без пари за млекото, Пелагонија излегува на протест
Фото: Принтскрин

Сточарите и земјоделците од Пелагонија во среда, 30 септември, излегуваат на протест кај Тополчани, на патот Битола-Прилеп. Протестот го организираат здруженијата „Пелагониско поле“ и „Фармери Југозапад“, а ќе започне во 11 часот.

Најголем револт има поради неисплатените премии за млекото. Сточарите тврдат дека немаат добиено пари за предаденото млеко од јули 2025 година, а според нивните проценки, државата им должи околу 600 милиони денари за 2025 година и уште околу 500 милиони за првите месеци од 2026.

Дополнителен удар е падот на откупната цена од околу 33 денари лани на 23 денари за литар сега.

„Како тргнала работата, ќе падне и на 20 денари за литар, колку едно шише вода во маркетите“, велат сточарите.

Тие бараат навремена исплата и значително повисоки субвенции, а за 2027 година предлагаат поддршката да биде 250 евра по крава.

Од Министерството за земјоделство, пак, велат дека годинава се исплатени околу 6,5 милијарди денари, односно околу 90 отсто од средствата предвидени за финансиска поддршка во земјоделството. Најавени се и засилени контроли за да се спречат злоупотреби со субвенциите.

Фармерите, сепак, велат дека разговорите со надлежните не дале резултат и затоа сега излегуваат на улица.

РОКОТ ИСТЕКУВА Пелагониските земјоделци со жестоко предупредување – Меџитлија ќе биде блокирана ако нема субвенции

CATEGORIES
Share This