СТИГНУВА НЕВРЕМЕ Силен ветер, грмежи и град
Променливо облачно време со сончеви периоди и температури до 35 степени, но на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме со силен ветер и можен град.

Фото: Национал
Времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и дневна температура од 16 до 35 степени. На места се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи, а локално временските процеси може да прераснат во краткотрајно невреме, проследено со силен западен ветер со брзина над 60 километри на час, електрични празнења и изолирана појава на град.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд. Во одделни делови од котлината постои можност за краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.
CATEGORIES Македонија


