СОНЦЕТО НЕМА ДА ПОТРАЕ Попладне дожд, на планините и снег
Температурите ќе се движат од -3 до 15 степени, а во западните делови попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд.

Фото: Национал
Променливо облачно време со повремени сончеви периоди нè очекува денеска. Во попладневните часови, како и во текот на ноќта, во западните делови од земјата ќе има услови за локален дожд, додека на повисоките планини се очекуваат слаби врнежи од снег.
Според прогнозата на УХМР, минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претпладне ќе преовладува претежно сончево време, но во вечерните часови се зголемува можноста за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

