СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ Радовишанец се заканувал по телефон на вработени во странска амбасада

37-годишник упатувал закани на странски јазик, полицијата го пронашла и привела, а судот наредил негово психијатриско посматрање.

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ Радовишанец се заканувал по телефон на вработени во странска амбасада
Фото: Принтскрин

Кривична пријава за загрозување лица под меѓународна заштита поднесе СВР Струмица, ОВР Радовиш против 37-годишниот Ѓ.Н. од Радовиш, осомничен дека телефонски упатувал сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 4 ноември 2026 година, кога пријавениот телефонски се јавил во амбасадата и на странски јазик им се заканувал на вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.

Случајот бил пријавен во полиција следниот ден, по што полициските службеници презеле мерки, го пронашле осомничениот и го лишиле од слобода. За време на службениот разговор, Ѓ.Н. го признал делото.

По поднесената кривична пријава и врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа.

Случајот е во надлежност на правосудните органи.

CATEGORIES
Share This