КРВАВ НАПАД ВО ЦЕНТАРОТ НА КРАКОВ Шестмина загинати, 15 повредени, напаѓачот носел воена униформа и нацистички симболи
Осомничениот напаѓач е 25-годишен полски државјанин, кој за време на нападот носел воена униформа и шлем со нацистичка СС-ознака. Според првичните информации, тој користел огнено оружје од воен тип, најверојатно пушка AR-15.

Шест лица загинаа, а 15 се повредени во вооружен напад во центарот на полскиот град Краков. Меѓу повредените има и двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба.
Осомничениот напаѓач е 25-годишен полски државјанин, кој за време на нападот носел воена униформа и шлем со нацистичка СС-ознака. Според првичните информации, тој користел огнено оружје од воен тип, најверојатно пушка AR-15.
По нападот, осомничениот се обидел да избега со автомобил, но на една раскрсница се судрил со друго возило. Потоа излегол од автомобилот и отворил оган кон полициските службеници кои се обидувале да го приведат.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и пренесен во болница, каде што му била извршена операција. Неговата состојба е стабилна.
При претресот на автомобилот биле пронајдени дополнително оружје, муниција, воена опрема, ранец и бајонет. Истрагата треба да ги утврди мотивите за нападот и околностите под кои бил извршен.
Меѓу загинатите има четири жени и двајца мажи. Најтешко е повреден еден од полицајците, кој бил погоден со три куршуми и итно бил опериран.
Полицијата потврди дека осомничениот е единственото лице кое засега се поврзува со нападот и ги демантираше информациите дека во инцидентот бил убиен полицаец.
Истрагата продолжува, а надлежните органи работат на утврдување на сите детали за еден од најтешките вооружени инциденти во градот.

