СКОПСКИ ПАЗАР ПРОДАДЕ ИМОТ И ЗАРАБОТИ МИЛИОНИ Приходите скокнаа за 81 отсто
Продажбата на недвижен имот ја донесе најголемата финансиска добивка

Фото: Принтскрин
Продажбата на недвижен имот му донесе значителен финансиски резултат на „Скопски пазар“ во првото полугодие од годинава. Компанијата остварила околу 4 милиони евра приходи, што е раст од 81 отсто во однос на истиот период лани.
Главниот двигател на растот е капиталната добивка од продажбата на недвижен имот, која значително го подобри финансискиот резултат на компанијата.
Нето-добивката достигнала 2,1 милион евра, што е дури 21 пат повеќе од ланското полугодие, кога добивката била помала од 100 илјади евра.
Од „Скопски пазар“ посочуваат дека и во иднина недвижностите ќе бидат главен извор на растот преку продажба на имот со помал потенцијал, вложување во покомерцијални објекти и зголемување на приходите од закуп.
CATEGORIES Бизнис

