СКОПЈАНИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОВИСОК ДАНОК Се прави нова проценка на имотите, еве зошто решенијата доцнат

Град Скопје во соработка со УНДП спроведува репроценка на вредноста на недвижностите, а од Градот велат дека досегашните проценки не ја следеле реалната пазарна вредност.

СКОПЈАНИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОВИСОК ДАНОК Се прави нова проценка на имотите, еве зошто решенијата доцнат
Фото: Принтскрин

Скопјани во наредниот период може да очекуваат повисоки сметки за данок на имот, откако Град Скопје, предводен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП спроведува репроценка на вредноста на имотите на граѓаните.

Од Градот Скопје велат дека проценката на имотите не била ажурирана повеќе години, поради што сегашната даночна основа не ја одразува реалната пазарна вредност на недвижностите.

„Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадратен метар, а данокот да се плаќа според проценка од 1.200 евра“, велат од Град Скопје.

Репроценката е една од причините поради кои решенијата за данок на имот за 2026 година доцнеа, иако вообичаено граѓаните ги добиваат во март.

На почетокот на месецов, најголемиот број жители на Скопје ги добија електронските решенија за данок на имот за 2026 година. Износите во нив засега се исти како и во претходните години.

Сепак, граѓаните од општините Карпош и Центар сè уште ги очекуваат своите решенија, кои допрва треба да им бидат доставени.

МАСОВНА БЛОКАДА НА СМЕТКИ – Градот Скопје блокира 17.694 сметки за неплатен данок на имот

CATEGORIES
Share This