СИЛНА ПРОВОКАЦИЈА – Ердоган тврди дека Турција е клучот за иднината на ЕУ

Турскиот претседател со остри пораки до Брисел и нова визија за односите Турција–ЕУ.

СИЛНА ПРОВОКАЦИЈА – Ердоган тврди дека Турција е клучот за иднината на ЕУ
Фото: Принтскрин

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека во услови на глобални конфликти, економски и политички тензии, како и социјални превирања, Турција останува доследна на своите цели и континуирано го следи својот стратешки курс.

Тој нагласи дека светот влегува во нова ера во која расте значењето на регионалната соработка, се појавуваат нови глобални актери, а меѓународниот систем се движи кон мултиполарност. Според него, Турција е една од државите кои се подготвени да играат водечка улога во овој нов поредок.

Ердоган порача дека „Европа има поголема потреба од Турција отколку што Турција има од Европа“, додавајќи дека оваа меѓузависност ќе расте во иднина. Тој оцени дека Европската Унија се наоѓа на крстопат и дека одлуката ќе биде дали ќе ја гледа Турција како можност за надминување на сопствените предизвици или ќе остане заробена во ограничувачка реторика.

Тој повика европските лидери да ги остават настрана политичките и историските предрасуди и да воспостават поискрени и поправедни односи со Анкара.

Во своето обраќање, Ердоган истакна и дека Турција во последните 23 години значително се зајакнала и станала посамостојна и постабилна држава, способна да се справува со кризи и да им помага на своите партнери и сојузници.

Тој додаде дека секоја криза воедно ја покажува издржливоста на земјата, како и напредокот во економијата и демократијата, и покрај, како што рече, непроменетиот пристап на одредени европски кругови кон Турција.

Ердоган посочи дека Анкара често се соочува со политички пречки во односите со Европската Унија и дека постојат пристрасности во некои институции на ЕУ.

На крајот, тој порача дека прашањето не е каде се наоѓа Турција, туку каква улога сака да има Европската Унија во идниот глобален поредок, истакнувајќи дека Турција нема да биде држава чија важност се признава само во одредени моменти, туку постојан и рамноправен партнер.

CATEGORIES
TAGS
Share This