ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ВО СРБИЈА Тројца Руси под истрага за воени подготовки

Во Србија, ситуацијата станува напната по објавата на претседателот Александар Вучиќ, кој потврди дека безбедносните служби откриле присуство на тројца руски државјани во кампот “Сончана река”. Овој камп, сместен помеѓу Лозница и Мали Зворник, бил користен за паравоени обуки на странски државјани.
Вучиќ изјави дека се приведени неколку лица од српска националност, кои им дале информации за русите, а истрагата продолжува. “Тие се уште се во притвор”, додаде Вучиќ за време на заедничкото обраќање со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Според Вучиќ, обуката во кампот била насочена кон создавање немири во Молдавија. Тој потврди дека тројцата руски државјани биле присутни во кампот, но не може да потврди дали зад тоа стојат руски служби. Истрагата е во тек.
На крајот на септември, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека уапсило две лица во близина на Лозница, под сомнение за организирање учество во воен конфликт во странска држава. Уапсените, идентификувани како Л.П. и С.С., се обвинети за организирање борбено-тактички обуки за државјани на Молдавија и Романија, со цел да се подготват за физички отпор против полицијата во Молдавија за време на изборите.
Обуката, која се спроведувала од 16 јули до 12 септември, вклучувала помеѓу 150 и 170 учесници. Ова откритие предизвика загриженост во регионот и дополнителни прашања за безбедноста и влијанието на странските агенции во Србија.


