ШЕСТ ПОЖАРИ АКТИВНИ ВО ЗЕМЈАВА Еден под контрола, 20 веќе изгаснати
ЦУК информира дека до 07:30 часот се регистрирани вкупно 27 пожари, а огнената стихија зафати повеќе локации во Македонија.

Фото: Национал
На територијата на државата во моментов се активни шест пожари, додека еден е ставен под контрола. Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 07:30 часот утрово биле регистрирани вкупно 27 пожари, од кои 20 се целосно изгаснати.
Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај селото Драгов Дол и кај селото Локвица во општина Македонски Брод, како и кај селото С’лп во општина Велес.
Пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, на потегот Борино–Житоше во општина Крушево и кај селото Бојане во општина Сарај.
Под контрола е ставен пожарот кај градската депонија во Делчево.
CATEGORIES Македонија

