ГУЖВИ НА ГРАНИЦАТА На Богородица се чека околу еден час за излез од Македонија
Зголемен сообраќајот на патиштата, АМСМ предупредува на можни одрони на повеќе делници и најавува изменет режим кај наплатната станица Преод.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Особено внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Во периодот од 17 август до 1 октомври 2026 година ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци–Свети Николе–Штип“. Воедно, патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тони.

