ШЕСТ ДЕНА ПЕКОЛ ЗА ИРАН – САД го засилија нападот, Трамп најави уште пожестоки удари

Вашингтон најавува продолжување на воздушната кампања, додека Техеран е под зголемен притисок за договор.

ШЕСТ ДЕНА ПЕКОЛ ЗА ИРАН – САД го засилија нападот, Трамп најави уште пожестоки удари
Фото: Принтскрин

Американска ракета погодила област во близина на иранскиот остров Кешм, соопшти иранската новинска агенција „Мехр“. Според информациите, американските сили во изминатите денови ги насочиле нападите кон островите Кешм, Киш и Абу Муса, како и кон пристанишни градови долж јужниот брег на Иран, меѓу кои и Бандар Абас, пренесува „Ал Џезира“.

Нападите се дел од засилената воена кампања на САД против Иран, која продолжува веќе шести ден. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воздушните удари ќе продолжат во наредните денови, а предупреди дека тие би можеле дополнително да се интензивираат доколку Техеран не прифати договор.

Трамп истакна дека во моментов не сака директни преговори со Иран, но додаде дека комуникацијата меѓу двете страни не е прекината и дека ирански претставници сè уште се обидуваат да постигнат договор.

„Пораката беше едноставна – мора да постигнете договор или нема да ви остане ништо“, изјави американскиот претседател.

Тој додава дека смета оти Иран нема друга опција освен да седне на преговарачка маса.

ТРАМП СО ПОСЛЕДЕН УЛТИМАТУМ ДО ИРАН Преговарајте или нема да ви остане ништо

CATEGORIES
Share This