СЕ МЕНУВААТ ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА По жестоки дебати, подготвени клучни измени на Изборниот законик
Работната група ја одржа деветтата седница и продолжи со разгледување на предлог-измените на Изборниот законик.

Работната група за реформи во изборното законодавство ја одржа својата деветта седница, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Според Министерството за правда, во досегашниот тек на работата се разгледани и усогласени повеќе значајни прашања поврзани со изборниот процес, меѓу кои и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии.
Дел од предложените решенија биле прифатени со консензус, додека за одредени теми се водела интензивна, но конструктивна расправа со цел изнаоѓање најсоодветни законски решенија.
По завршувањето на работата и финализирањето на сите предлог-измени, текстот на измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе биде доставен во натамошна законодавна постапка.
Од Работната група нагласуваат дека остануваат посветени на инклузивен, транспарентен и професионален процес, со цел унапредување на изборната рамка во согласност со демократските стандарди и меѓународните препораки.
СЕ ПОДГОТВУВААТ НЕКОЛКУ НОВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА – Нема консензус за клучното околу ибзорниот модел


