СЕ ИЗЛАЖАВ ЗА НЕА, ПОВЕЌЕ НЕ Е ИСТАТА ЛИЧНОСТ – Трамп ѝ се закани на Италија поради Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Џорџа Мелони поради наводно одбивање на соработка околу Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати критики кон италијанската премиерка Џорџа Мелони, тврдејќи дека нивниот однос се влошил откако таа наводно одбила да помогне во американските активности поврзани со Иран.
Во интервју за Фокс њуз, Трамп изјави дека Мелони „била негативна“ и дека одбивањето на соработка значи промена во односите меѓу САД и Италија.
„Кој и да одби да помогне во управувањето со ситуацијата со Иран, повеќе немаме ист однос со таа земја. Италија добива многу нафта преку Ормутскиот теснец,“ рече тој.
Тој додаде дека „таа повеќе не е истата личност“ и дека Италија „никогаш нема да биде истата земја“ во контекст на новите политички околности.
Во телефонски разговор за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Трамп изјавил дека е „шокиран“ од Мелони, наведувајќи дека очекувал поголема поддршка од неа во однос на американските позиции кон Иран.
„Не можам да верувам дека не сака да помогне. Мислев дека има храброст, но очигледно сум се излажал,“ додаде Трамп.
