АЛАРМ ВО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ – Сомнежи за тајна група што делува од регионот

Сомнежи дека групата стои зад серија координирани инциденти низ Европа.

АЛАРМ ВО БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ – Сомнежи за тајна група што делува од регионот
Фото: Принтскрин

Властите во Северна Македонија спроведуваат истрага за новоформирана група наречена „Ашаб Ал Јамин“ (HAYI), за која постојат сомневања за можна поврзаност со структури блиски до Иран. Според информации објавени на платформата De Re Militari, организацијата наводно презела одговорност за повеќе антисемитски инциденти во Европа во текот на март и април.

Еден од посериозните случаи што се поврзуваат со групата е пожар во објект на еврејската заедница и синагога во Скопје. Настанот се случил за време на велигденскиот викенд, а цел на нападот, според истрагата, биле верски и културни објекти на еврејската заедница во главниот град.

Според безбедносните анализи првичните проценки укажуваат дека се појавила на почетокот на март 2024 година без претходна историја на активности, што отвора сомнежи дека може да се работи за структура која користи локални криминални мрежи или лица поврзани со проирански кругови за изведување напади, вандализам и подметнување пожари.

Покрај случајот во Скопје, групата се поврзува и со инциденти во неколку европски земји. Во Лондон биле запалени четири амбулантни возила на еврејската медицинска служба „Хацола“, додека во Париз бил спречен обид за бомбашки напад пред канцеларија на „Bank of America“, во кој биле вклучени двајца малолетници. Во Белгија и Холандија се пријавени повеќе пожари и експлозии, во контекст на зголемени геополитички тензии меѓу САД, Израел и Иран.

Експертите за безбедност предупредуваат дека Југоисточна Европа, вклучително и Балканот, може да биде користена како логистичка зона за вакви структури, поради послаби безбедносни капацитети во споредба со Западна Европа. Регионот се оценува како потенцијално ранлив во случај на понатамошна ескалација на конфликтите на Блискиот Исток.

Засега нема официјални информации за апсења или конкретни полициски акции поврзани со групата во соседните земји, а истрагата во Скопје продолжува во координација со меѓународните безбедносни партнери.

CATEGORIES
Share This