АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ Внимателно на четири патни делници поради одрони

На граничните премини нема подолги задржувања, а возачите се повикуваат на внимателност поради опасност од одрони.

АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ Внимателно на четири патни делници поради одрони
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.

Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This