СЕ Е ОДНАПРЕД РЕЖИРАНО, ДРОНОТ НЕ Е РУСКИ Руски амбасадор со тешки обвинувања за Романија

Рускиот амбасадор тврди дека Романија не доставила никакви докази за дронот.

СЕ Е ОДНАПРЕД РЕЖИРАНО, ДРОНОТ НЕ Е РУСКИ Руски амбасадор со тешки обвинувања за Романија
Фото: Принтскрин

Рускиот амбасадор во Букурешт, Владимир Липаев, изјави за RT дека Романија не доставила никакви докази дека дронот што удри во станбена зграда во градот Галац потекнува од Русија.

Инцидентот се случи во петокот, кога дрон со експлозив се урна во десеттиот кат од станбена зграда во источна Романија, во близина на украинската граница. Две лица беа повредени. Романското Министерство за одбрана тврди дека дронот е од руска страна.

Липаев рече дека бил повикан во романското Министерство за надворешни работи поради инцидентот, но дека не му биле презентирани докази за изнесените обвинувања.

„За жал, тие не доставија никакви докази, како и обично“, изјави тој.

Амбасдорот додава дека Русија често се соочува со, како што ги нарече, неосновани обвинувања за нарушување на романскиот воздушен простор, без да добие конкретни податоци за ваквите случаи.

Тој нагласи дека Букурешт, според него, веќе ја донел својата одлука пред да ја сослуша руската страна и дека не биле земени предвид барањата за информации како траекторија, брзина, локација и времетраење на летот над романска територија.

По инцидентот, Романија најави затворање на рускиот генерален конзулат во Констанца и прогласување на рускиот генерален конзул за персона нон грата.

Липаев оцени дека оваа одлука, според него, била донесена однапред и дека не е директно поврзана со инцидентот со дронот.

Тој исто така сугерираше дека инцидентот може да биде „провокација од страна на киевскиот режим“ со цел да се обезбеди дополнителна европска поддршка и да се пренасочи вниманието од други настани, вклучувајќи напад врз образовна институција во Старобелск.

CATEGORIES
Share This