ШЕСТМИНА ШТО ГО РАЗБУДИЈА НАРОДОТ Од идеја до држава – 23 Октомври, симбол на слободата
Партијата потсети на шестемина основачи на револуционерната организација во Солун во 1893 година, оценувајќи дека нивниот стремеж за слобода и сопствена држава е длабоко врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

Партијата Единствена Македонија им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија.
Од партијата посочуваат дека овој датум има посебно место во колективната меморија на македонскиот народ. На 23 октомври 1893 година, пред 133 години, во Солун, шестмина македонски револуционери – Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Антон Димитров ги поставиле темелите на револуционерната организација што одиграла значајна улога во македонската историја.
Според Единствена Македонија, нивната визија била водена од стремежот на македонскиот народ да ја оствари вековната цел за создавање сопствена држава, свесни дека патот до слободата ќе бара пожртвуваност, истрајност и решителност.
„Ја родија идејата, од идејата произлезе организацијата, а од организацијата делото“, се наведува во честитката, во која се истакнува дека денешната самостојна, суверена и слободна Република Македонија е остварување на стремежот за државност.
Од партијата порачуваат дека 23 Октомври останува симбол на непокорот, слободата и историската определба на македонскиот народ за сопствена држава.
„Нека е честит и вековит празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, симбол на непокорот и стремежот за слобода!“, порачуваат од Единствена Македонија.

