РУСИЈА ПОВТОРНО УДРИ – Масовен напад со беспилотни летала го разбуди Киев

Воздушната одбрана активирана по дојава за роеви дронови кои се приближуваат кон главниот град.

РУСИЈА ПОВТОРНО УДРИ – Масовен напад со беспилотни летала го разбуди Киев
Фото: Принтскрин

Русија доцна вечерта на 2 мај изврши масовен напад со беспилотни летала врз Киев.

Воздушните сили на Украина предупредија дека групи руски дронови се приближуваат кон главниот град нешто пред 22 часот по локално време, објави „Киев Индепендент“. Околу еден час подоцна, новинарите на терен известија дека над градот се активирана противвоздушната одбрана, додека градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека се слушаат експлозии и ги повика граѓаните да се засолнат. Нападот продолжил, а информации за евентуални жртви и штети во тој момент сè уште немало.

Според мониторинг-групи, кон Киев биле насочени до 30 беспилотни летала, иако овие податоци не биле независно потврдени во моментот на објавување. Пожарникарските служби интервенирале и изгаснале пожари во три куќи и една двокатна станбена зграда, а огнот се проширил и на уште две соседни објекти, соопшти Државната служба за вонредни ситуации. Нема пријавени жртви во овие пожари.

Нападот врз Киев следел еден ден по друг масовен дрон-напад врз Украина на 1 мај, кога во западниот град Тернопил биле повредени најмалку 12 лица, а биле оштетени и локални бизниси и инфраструктура.

CATEGORIES
Share This