РАБОТЕВМЕ ЗА НИШТО Текстилци од Штип на улица, бараат итна правда

Поранешни вработени тврдат дека повеќе од една година чекаат на неисплатени плати и придонеси.

РАБОТЕВМЕ ЗА НИШТО Текстилци од Штип на улица, бараат итна правда
Фото: Принтскрин

Дел од поранешните текстилни работници од штипската компанија „Европа фешн“ денеска излегоа на протест, со цел да укажат на тешката и неизвесна состојба во која се наоѓаат. Тие реагираат дека и една година по прекинот на нивниот работен однос сè уште не ги добиле неисплатените плати и придонеси, и бараат надлежните институции итно да излезат на терен и да ја утврдат фактичката состојба.

Според нивните наводи, управителите на компанијата се бугарски државјани, кои на работниците им врачиле откази од деловни причини.

Од здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ апелираат институциите без одлагање да започнат со постапување и да го расчистат случајот.

Со овој случај, Штип повторно се посочува како пример за проблемите во текстилната индустрија, каде што дел од работниците, и покрај долгогодишниот труд за минимална плата, остануваат без исплатените заработки и основните работнички права.

CATEGORIES
TAGS
Share This