ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА РЕКОРДНО НИВО Над 5,2 милијарди евра на крајот од мај
Најголемиот дел од резервите се пласирани во хартии од вредност, покажуваат податоците на Народната банка.

Фото: Принтскрин
Девизните резерви на крајот на мај оваа година достигнале 5.210 милиони евра, информира Народната банка.
Според податоците, најголем дел од резервите се инвестирани во хартии од вредност (68,5%), потоа следува монетарното злато со 16,6%, додека валутите и депозитите учествуваат со 14,9%.
CATEGORIES Бизнис


