ПУШКОЛИ ПРИВЕДЕН НА БЛАЦЕ ПО СРПСКА ПОТЕРНИЦА, ПА ОСЛОБОДЕН Се заблагодари на македонската полиција

Сопственикот на „КосоваПост“ и поранешен припадник на ОВК бил задржан на границата, а по испрашувањето пуштен на слобода.

ПУШКОЛИ ПРИВЕДЕН НА БЛАЦЕ ПО СРПСКА ПОТЕРНИЦА, ПА ОСЛОБОДЕН Се заблагодари на македонската полиција
Фото: Принтскрин

Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција „КосоваПост“ и поранешен припадник на ОВК, синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“ по потерница издадена од Србија.

За неговото задржување на границата Пушколи самиот информираше преку објава на Фејсбук, при што побара косовските институции веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на случајот и за заштита на неговите права.

Набргу потоа, Пушколи објави дека бил ослободен по разговорот и испрашувањето од страна на македонската полиција.

Во вечерната објава тој упати благодарност до полицијата на Северна Македонија, а посебно до полицајците Албанци, за односот кон него за време на постапката.

„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напиша Пушколи.

CATEGORIES
Share This