АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ Внимание на одрони и изменет сообраќаен режим на повеќе патишта

Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, но на повеќе делници има градежни работи, девијации и временски измени.

АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ Внимание на одрони и изменет сообраќаен режим на повеќе патишта
Фото: Национал

На државните патишта сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Повеќе патни правци со изменет режим

Поради градежни активности, на повеќе патишта во земјата е воспоставен времен режим на сообраќај.

На Кичево–Охрид (А2), поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Возачите се повикуваат строго да ја почитуваат сигнализацијата и да возат со прилагодена брзина.

На автопатот Миладиновци–Свети Николе–Штип, кај наплатната станица Преод, изменет е режимот на сообраќај поради санација на косина.

Во Штип трае санацијата на мостот на реката Брегалница на патот Р1204, додека градежни активности има и на мостовите на патниот правец Гостивар–Стража.

Внимание на обиколницата и кај Желино

На скопската обиколница (А2) се врши рехабилитација на делница во должина од 250 метри, од клучката Волково до клучката Кондово. Затворена е левата лента за претекнување, а сообраќајот се одвива по средната и десната лента.

Изменет режим има и на мостовите на А2 кај село Желино, во двата правци, поради санација.

На делницата Смоквица–Гевгелија на автопатот А1 се изведуваат активности за премин на интерконективен гасовод, поради што е поставена временска сообраќајна сигнализација.

Коридор 10Д носи пренасочување кај Прилеп

Поради активностите поврзани со изградбата на Коридор 10Д, сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола се пренасочува по регионалниот пат, на делот од клучката Лагово до Тополчани.

Времен режим е воспоставен и на регионалниот пат Косоврасти–Мелнички Мост, каде се врши санација на свлечиште.

Отворен патот преку Галичица

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

На граничниот премин Делчево, и покрај реконструкцијата, сообраќајот се одвива непрекинато.

Движење низ Јасен

За движењето низ Јасен важат временски ограничувања:

Скопје–Македонски Брод: 07:30–09:00, 12:00–12:45 и 16:00–18:00 часот.

Македонски Брод–Скопје: 06:00–07:00, 10:30–11:00, 13:00–13:45 и 18:30–20:00 часот.

CATEGORIES
Share This