ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Температурите до 21 степен
УХМР најавува минимална температура од 5 степени и слаб до умерен ветер, а слични временски услови се очекуваат и во Скопје.

Фото: Национал
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи околу 5 степени, додека максималната ќе достигне до 21 степен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје се очекува слично време, со променлива облачност и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

