НИКОЛОСКИ СО ДИРЕКТНА ПОРАКА ЗА МИЈАЛКОВ Очекувам Обвинителството да се позанимава со него
Во обраќањето на панел-дискусијата тој го спомена и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува Јавното обвинителство да се позанимава со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
Ова Николоски го изјави на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“, каде што се осврна и на политичките борби од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција.
Обраќајќи му се на Даниел Браун, претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, чиј мандат во Македонија завршува, Николоски се потсети на времето кога заеднички работеле во услови на политички скептицизам и недоверба.
„Многумина нè потценуваа и не ни веруваа, вклучувајќи го и газдата на овој хотел со кој имавме борби“, рече Николоски.
По оваа изјава, вицепремиерот се надоврза со очекувањето дека Обвинителството ќе се позанимава со Сашо Мијалков.
Изјавата на Николоски доаѓа во контекст на неговото потсетување на политичките конфронтации од минатото, при што тој јавно ја посочи потребата Обвинителството да постапува во однос на поранешниот шеф на тајната полиција.

