ПРОФЕСОР ЈАНЕВ ЗА НАЦИОНАЛ Срам и резил, македонскиот идентитет е суверено право, а не предмет за преговори

Македонците и нивните политичари не научиле ништо од минатото! Грција во 1993 година, а сега Бугарија, успеаја преку интернационализација на фиктивниот спор со македонскиот идентитет да наметнат меѓународни условувања за Македонија“, оценува професорот Игор Јанев во изјава за „Национал“.

ПРОФЕСОР ЈАНЕВ ЗА НАЦИОНАЛ Срам и резил, македонскиот идентитет е суверено право, а не предмет за преговори
Фото: Национал

„Државите не можат да имаат спор или ‘проблем’ со националниот идентитет на друга држава, со група држави или со меѓународна организација, бидејќи идентитетот е едно од основните суверени права!

Бугарија, исто како и Грција претходно, настојува нивниот проблем со нашиот идентитет да го интернационализира и да креира мултилатерален ‘спор’ или ‘проблем’!

И така, на пример, во март 1993 година добивме резолуција со која за сопствениот идентитет мораме да преговараме со друга држава, односно тогаш со Грција! Срам и резил!

А сега, не научени од минатото, повторно со лаичко водење дипломатија прифативме, преку бугарскиот протокол, билатералниот измислен таканаречен ‘спор’ да се претставува како меѓународен мултилатерален проблем, што резултираше со условување на македонското членство во Европската Унија!

Имено, Македонците и нивните политичари не научиле ништо од минатото, а особено од стратегијата за трансформирање на фиктивните, измислените, непостоечките или правно невозможните ‘спорови’ во мултилатерални квазиспорови било од глобален вид, како во Обединетите нации во 1993 година, било од регионален вид, како што сега се случува со Европската Унија!

Преку Договорот со Бугарија, кој стана основа за она што го сметам за непостоечки и правно невозможен ‘спор’, а потоа и преку протоколот меѓу Софија и Скопје, билатералниот измислен, фиктивен спор стана услов за Македонија на патот кон Европската Унија!

Замислете го апсурдот: за сопствениот национален идентитет да мораме да преговараме со друга држава, а потоа тоа прашање да се претвори во услов за членство во меѓународна организација!

Ова е последица на стратегијата на интернационализација на билатералните прашања. Кога еднаш ќе дозволите билатералното прашање да се пренесе на мултилатерално ниво, тогаш тоа може да се претвори во меѓународен механизам за притисок и условување.

Националниот идентитет е суверено право! Тој не може да биде предмет на преговори, уцени и политички пазарења со други држави! Македонија мораше да ја научи оваа лекција уште во 1993 година. За жал, повторно ги повторуваме истите грешки, а последиците ги плаќаме на патот кон Европската Унија“, истакнува професорот Игор Јанев за „Национал“.

CATEGORIES
Share This