ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“ – Свеченото врачување ќе се одржи во Собранието на 23 октомври
Наградата се доделува за долгогодишен придонес во развојот и промоцијата на македонската култура и државни вредности.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ги избра годинашните лауреати во областа на културата и уметноста – актерот Гоце Тодоровски, писателот Александар Кујунџиски, поетот и драмски автор Братислав Ташковски и академик Божин Павловски.
Наградата се доделува за долгогодишен придонес во развојот и промоцијата на македонската култура и државни вредности. Свеченото врачување ќе се одржи на 23 октомври во Собранието на Република Македонија.
CATEGORIES Култура
