ПЛЕНКОВИЌ И МИЛАНОВИЌ ВО ЖЕСТОКА ВОЈНА НА ЗБОРОВИ – Кој ја кажува вистината
Тензии меѓу Пленковиќ и Милановиќ повторно ескалираат околу влезот на воени бродови.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ реагираше на изјавите на претседателот Зоран Милановиќ, истакнувајќи дека влезот на воени бродови во хрватските води се регулира со Законот за поморство од 1994 година и дека за такви посети не е потребно одобрение од парламентот.
Страсти не стивнуваат меѓу Пленковиќ и Милановиќ коментираат медиумите, откако претседателот претходно оваа недела изјави дека хрватскиот Сабор треба да одобрува влез на воени бродови во хрватските пристаништа, особено кога станува збор за пловила што се враќаат од воени мисии.
Пленковиќ ја отфрли таа интерпретација, нагласувајќи дека станува збор за рутински посети, какви што се практикуваат со години, вклучително и во периодот кога Милановиќ бил премиер.
„Кога некому му е здодевно, измислува работи. Ако има проблем со законот, нека побара уставна оценка од Уставниот суд“, изјави Пленковиќ по седница на Претседателството на ХДЗ, пренесува Хина.
Во меѓувреме, во хрватските води во близина на Дубровник вплови американскиот разорувач USS Oskar Austin, кој претходно учествувал во операции поврзани со иранската криза. Бродот е опремен со противподморничко и противповршинско вооружување, а се очекува да ги напушти хрватските територијални води денес, според „Dubrovnik Gazette“.
