ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч Еве какво време најавува УХМР

УХМР најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе надминува 80 километри на час.

ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч Еве какво време најавува УХМР
Фото: Национал

Во Македонија денеска нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но и локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Посебно внимание се препорачува поради засилениот до силен ветер од јужен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

CATEGORIES
Share This